ПроЦени / ProCeni · Android и iOS

Спореди цени од 15 маркети.

Провери каде производот е поевтин, следи попусти и разгледај ја историјата на цените во маркетите низ Македонија.

Бесплатно преземање · Опционални купувања во апликацијата

ПроЦени ги нуди првите македонски нативни мобилни апликации за споредба на цени во маркети.

Приказ на мобилната апликација ПроЦени

15 маркети на едно место

Споредувај цени и разгледувај ги достапните попусти од следните маркети:

  • Веро
  • Елида
  • Жито
  • Зур
  • Кам
  • Кипер
  • Конто
  • Рамстор
  • Рептил
  • Стокомак
  • Тамаро
  • Тинекс
  • Миса
  • Дм
  • Футура

Следен планиран маркет: Ангромаркетинг.

Провери пред да пазаруваш

Пребарај производ, спореди ги достапните цени и испланирај го пазарењето.

Споредба на цени

Пребарај производ и спореди ги достапните цени во избраните маркети пред да одлучиш каде да купиш.

Попусти на едно место

Прегледај ги достапните акции по маркет и полесно најди ги производите што ти требаат.

Историја на цени

Провери како се менувала цената на производот и процени дали тековниот попуст ти одговара.

Кошничка за пазарење

Направи листа за пазарење и спореди ја вкупната цена по маркет за производите со достапни цени.

Известувања за поевтинување

Зачувај производ за подоцна и вклучи известувања за да дознаеш кога ќе се намали неговата цена.

Маркети по твој избор

Избери ги маркетите во кои пазаруваш и користи ги во пребарувањето и прегледот на попусти.

За ПроЦени

ПроЦени (ProCeni) е македонска апликација за споредба на цени во маркети. Ги собира јавно објавените цени, попусти и историјата на цените за да ти помогне да донесеш подобра одлука пред купување.

Често поставувани прашања

Од каде доаѓаат цените?

Цените се преземаат од јавно достапните ценовници на маркетите. ПроЦени ги организира за полесна споредба; не продава производи.

Колку често се ажурираат цените?

Цените се освежуваат редовно од изворите на маркетите. Кај производот во апликацијата можеш да провериш кога цената била последно проверена. Ажурирањето зависи и од достапноста на изворот.

Дали цената важи во секоја продавница?

Цената и достапноста може да се разликуваат по продавница. Пред купување, провери ја финалната цена во конкретната продавница или на официјалниот извор.

Дали апликацијата е бесплатна?

ПроЦени е бесплатна за преземање на Android и iOS, со опционални купувања во апликацијата.

Кои маркети се поддржани?

Во моментов се поддржани 15 маркети: Веро, Елида, Жито, Зур, Кам, Кипер, Конто, Рамстор, Рептил, Стокомак, Тамаро, Тинекс, Миса, Дм и Футура. Следен планиран маркет е Ангромаркетинг.

Како работат известувањата?

Зачувај производ за подоцна и дозволи известувања на телефонот. Апликацијата може да те извести кога ќе забележи намалување на цената.

На кои јазици е достапна апликацијата?

ПроЦени е достапна на македонски, албански, англиски, турски и ромски јазик.

Како да пријавам проблем?

Во поставките на апликацијата избери ја опцијата за пријава на проблем, или пиши на cenizasite@gmail.com со опис на проблемот.

Медиуми и заедници

Медиумско покривање · IT.mk · 4 април 2025

ПроЦени на IT.mk

IT.mk ја претстави ПроЦени како нова македонска апликација за споредба на цени во супермаркетите.

Конференција · 15.05.2025

iOSKonf 2025

ПроЦени беше презентирана пред iOS и mobile заедницата, со фокус на производот, развојот и идните планови.

Универзитет · 12.11.2025

Разговор на ФИНКИ

ПроЦени беше претставена пред студентите на ФИНКИ како пример за практична апликација што решава локален секојдневен проблем.

Заедница · ProdAct Macedonia · 25.09.2025

ProdAct meetup

ПроЦени беше дел од ProdAct meetup, каде што се зборуваше за продукт, корисничка вредност и градење дигитални алатки за локалниот пазар.

Сите цени на едно место.

Преземи ПроЦени за Android или iOS и спореди ги достапните цени пред следното пазарење.

Контактирај нѐ